Шахпаска: Дијалогот е отворен, целта е јасна – недела ќе биде неработен ден
Квалитено законско решение за недела како ден за неделен одмор е од клучно значење. Социјалните партнери се согласни дека исклучоци мора да има, но само во одредени дејности и тоа само кај оние работодавачи каде работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко-технолошки процес и потребата од континуитет. За работниците што ќе работат во недела освен соодветниот додаток на плата за работа во ден на неделен одмор согласно закон и колективен договор, им следи и ден за неделен одмор кој ќе го користат во друг ден од неделата, соопшти МТСП.
Економско-социјалниот совет на денешната седница продолжи со дискусијата за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за неделен одмор.
– Трипартитниот дијалог е во насока на обезбедување на најдобро и најприфатливо решение и остварување на суштинската цел недела да биде – ден за неделен одмор, односно можност за подобрување на социјалната рамноправност и благосостојбата на сите граѓани како и зголемување на продуктивноста на работниците и работничките, се вели во соопштението.
За работната верзија на предложеното законско решение покрај вицепремиерот Фатмир Битиќи и членовите на ЕСС, свое мислење дале и претставници од Државниот инспекторат за труд кои дале цврста заложба дека имплементацијата на предлог-законското решение за недела ден за неделен одмор ќе биде врвен приоритет.
– Целта на предлог Законот е овозможување на социјално праведна држава во која квалитетот, квантитетот и дигнитетот во приватниот живот на секоја една индивидуа која учествува на пазарот на трудот се гарантирани, посочуваат од Министерството.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар