Македонија
28. July 2021 - 14:56

Шахпаска: Да се почитува Законот за безбедност и здравје при работа

Во услови на високи дневни теператури на воздухот и во ситуација кога државата влегува во т.н. портокалова фаза треба да се почитува Законот за безбедност и здравје при работа, изјави министерката за труд социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа потсети дека Законот за безбедност и здравје при работа има јасни дефиниции и се знае граѓаните на која возраст треба да бидат изземени од работа на вака високи дневни температури.

-Треба да се заштитат возрасните лица над 60 години и бремените жени. Ние сме во постојан контакт со државниот Инспекторат за труд и верувам дека работниците како најголем капитал на работодавачите треба да ги уживаат работничките права и нивното здравје е најважно, посочи министерката Шахпаска.