Севернокорејската државна агенција ја најави посетата на Путин на земјата
Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност наскоро да ја посети Северна Кореја, јави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.
Агенцијата ја објави подготвеноста на севернокорејската Влада „искрено да го поздрави најблискиот пријател на корејскиот народ“.
Претходно неделава, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва се надева оти посетата ќе биде договорена и дека Путин ќе отпатува во Северна Кореја „во догледна иднина“.
На продлабочувањето на врските меѓу Москва и Пјонгјанг во странство се гледа со сомнеж и загриженост.
Ким беше на рускиот Далечен Исток минатиот септемвриСе верува дека Северна Кореја ја снабдувала Русија со муниција и балистички ракети што беа користени во инвазијата на Украина.
Затоа, постојат стравувања дека Русија би можела да обезбеди техничка помош за програмите за оружје на Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација