Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
Земјите членки на НАТО изразуваат длабока загриженост поради хибридните акции на Русија, кои претставуваат закана за нивната безбедност, но порачуваат дека ваквите руски активности нема да ги одвратат од намерата да продолжат да ја поддржуваат Украина, се наведува во изјавата на Северноатлантскиот совет (НАК) во врска со неодамнешните руски хибридни закани.
– Сојузниците на НАТО се длабоко загрижени за неодамнешните злонамерни активности на сојузничката територија, вклучително и оние што резултираа со истрага и обвинение против повеќе поединци во врска со непријателските државни активности против Чешка, Естонија, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Обединетото Кралство, се наведува во изјавата.
НАК нагласува дека овие инциденти се дел од интензивираната кампања на активности што Русија продолжува да ги спроведува низ евроатлантската област, вклучително и на територијата на Алијансата, што вклучува ширење лажни вести, саботажи, акти на насилство, кибер и електронско мешање, спроведување кампањи на дезинформации и други форми на хибридни закани.
– Ги поддржуваме и изразуваме солидарноста со погодените сојузници. Ќе дејствуваме индивидуално и колективно за да се справиме со овие акции и ќе продолжиме тесно да се координираме, потенцира Советот.
Во изјавата натаму се посочува дека НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата отпорност и да ги применува и унапредува инструментите што му се на располагање за да се спротивстави на руските хибридни акции и ќе се погрижи Алијансата во целина и земјите членки да бидат подготвени да се бранат и да ги одвратат овие хибридни активности или напади.
– Го осудуваме ваквото руско однесување и ја повикуваме Русија да ги исполни своите меѓународни обврски, како што ги прават НАТО сојузници, се додава во изјавата на Северноатлантскиот совет.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите