Северна Кореја воведе локдаун по првите случаи на Ковид-19
Северна Кореја воведе блокада низ целата земја откако ги потврди првите случаи на Ковид -19 од почетокот на пандемијата.
Инфекциите предизвикани од подваријантата БА.2 на високо преносливиот вид Омикрон се откриени во главниот град Пјонгјанг на 8 мај, објавија денеска државните медиуми.
Според Корејската централна новинска агенција (КЦНА), властите не го прецизираа бројот на случаи, но ја опишаа епидемијата како „тешка ситуација“.
На состанокот на владата, со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се препорачани „најитни“ контролни мерки „за справување со кризата за да се спречи епидемијата“.
Епидемијата предизвикува загриженост за земјата, една од ретките што нема пријавено ниту еден случај на инфекција од почетокот на пандемијата.
Превентивната стратегија на Северна Кореја се потпира на целосно затворање на границите од јануари 2020 година.
Светската здравствена организација нема податоци за вакцини против Ковид-19 во земјата со 25 милиони жители, откако Пјонгјанг постојано одбиваше снабдување со вакцини од меѓународната заедница.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица