Северна Кореја тестираше балистичка ракета
Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета од неодреден тип во морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската армија.
Тестирањето се случува пред пристигнувањето на американски носач на авиони за заеднички вежби со јужнокорејските сили и неколку дена пред планираната посета на американската потпретседателка Камала Харис во Јужна Кореја.
Според јужнокорејската армија, проектилот поминал 600 километри над копното, достигнувајќи максимална височина од 60 километри пред да падне во водите на источниот брег на Северна Кореја. Северна Кореја годинава изврши рекордни над 30 тестирања на ракети.
Според јужнокорејската армија, подготвува да тестира ракета дизајнирана да биде лансирана од подморница.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека Токио прави се за да собере податоци за лансирањето на севернокорејската ракета и да ја потврди безбедноста на бродовите и авионите во регионот.
Засега нема извештаи за причинети штети.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска