Северна Кореја се откажува од дијалог со САД за нуклеарната програма
Северна Кореја го одби предлогот на државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон за започнување на билатерални преговори за нејзината нуклеарна програма, пишува денеска весникот на севернокорејската владејачка Работничка партија на Кореја, „Нодон синмун“.
- Предлагајќи ни преговори, САД на тој начин сакаат да ја префрлат на Пјонгјанг одговорноста за заострување на ситуацијата на Корејскиот Полуостров, посочува весникот.
Според авторот на текстот, Вашингтон сака да го искористи одбивањето на преговори со цел во Советот за безбедност на ОН да создаде атмосфера за усвојување нова резолуција за санкции кон Северна Кореја.
- Нашата позиција е непроменета - ние ќе продолжиме да го унапредуваме нашето нуклеарно оружје, истакнува весникот.
Како што јави МИА, на 12 декември Тилерсон изјави дека САД се подготуваат да преговараат со Северна Кореја „без претходни услови“.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина