Северна Кореја лансираше балистичка ракета
Северна Кореја утрово тестираше балистичка ракета со среден дострел, која падна во Јапонско Море.
Лансирањето на ракетата уследи само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон се сретна со јапонскиот премиер Шинѕо Абе и два дена по телефонскиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Пентагон соопшти дека не станува збор за интерконтинентална балистичка ракета, што ја најави Северна Кореја.
Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата е ланисирана од воздухоловна база во западната провинција Северен Пјонган. Ракетата летала околу 500 километри пред да падне во море, но се уште не е познато каков тип била ракетата.
Абе го осуди севернокорејското тестирање оценувајќи го како „апсолутно непригатливо“, додека Трамп нагласи дека САД „сто проценти“ ја поддржуваат Јапонија.
Откако Пјопнгјанг ја тестираше првата балистичка раклета оваа година, Трамп и Абе одржаа заедничка прес-конференција. Јапонскиот премиер ја повика Северна Кореја во целост да ги почитува релевантните резолуции на Советот за безбедност на Обединети нации.
- Сакам сите да разберат и да се знае дека САД сто проценти ја поддржуваат Јапонија, нашиот голем сојузник, посочи Трамп.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација