Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба
Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми.
„На 13 декември 2019 година, од 22.41 до 22.48 часот по локално време, во космодромот Сохе е спроведена последната значајна проба. Нашите научници од одбраната добија голема чест да бидат удостоени со срдечни поздрави од Централниот комитет на партијата. Резултатите во одбраната, што ги постигнуваме еден по друг за толку кратко време ќе бидат применети во зголемувањето на стратегискиот потенцијал за нуклеарното кревање на земјата на уште повисоко ниво”, се наведува во соопштението, објавено од Централната телеграфска агенција на Северна Кореја.
Академијата на науки за одбраната на Северна Кореја претходно соопшти дека на 7 декември успешно бил изведен друг „важен“ тест за иднината на земјата, исто така, на космодромот Сохе. Во соопштението уште се наведува дека овој тест е поврзан со испитувањето на мотор со тврдо гориво за интерконтинеталните балистички ракети (ICBM).
Ново на Сител
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија