Свет
23. May 2017 - 13:20

Северна Кореја истрела проектил преку границата со Јужна Кореја

Северна Кореја истрела денеска неидентификуван проектил преку границата со Јужна Кореја, а јужнокојреската војска соопшти дека стрелала во воздух како предупредување во правец на тој објект.

Војската на Јужна Кореја, според нејзин претставник се обидува да утврди за каков вид на објект станува збор, како и за патеката на неговото движење, но додаде дека најверојатно станува збор за дрон.

Јужнокорејската агенција Јонхап јави дека војската истрелала во воздух и во правец кон Северна Кореја околу 90 рафали од пушкомитралез.