Северна Кореја истрела балистичка ракета, тврди јужнокорејската војска
Северна Кореја истрела „неидентификувана балистичка ракета“, јави денеска јужнокорејската војска, само неколку дена по последниот тест и во пресрет на посетата на американскиот потпретседател Камала Харис на Јужна Кореја.
„Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во Источното Море“, соопшти здружениот Генералштаб во Сеул, мислејќи притоа на водите што се нарекуваат и Јапонско Море. Јапонската крајбрежна стража, исто така, ја потврди можноста за лансирање балистичка ракета, пренесувајќи информации од јапонското Министерство за одбрана и притоа ги повика бродовите да бидат на внимателност. Лансирањето е дел од досега невидената серија воени тестови од Пјонгјанг годинава. Јужнокорејската разузнавачка агенција предупреди дека Пјонгјанг се подготвува да изврши нова нуклеарна проба. Северот го заврши „третиот тунел во нуклеарната централа Пунџе-ри“, изјави пратеникот Јо Санг-бум за новинарите по состанокот на разузнавачките служби во Сеул.
Американската потпретседателка Камала Харис утре треба да пристигне во Сеул во кратка посета во која ќе ја посети демилитаризираната зона меѓу двете Кореи. Американскиот брод на нуклеарен погон УСС „Роналд Реган“ неделава учествуваше во воените вежби со јужнокорејската војска во водите во близина на полуостровот. Вашингтон е главниот безбедносен сојузник на Сеул и околу 28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња