Свет
16. April 2017 - 10:44

Сеул: Најновото ракетно лансирање од Северна Кореја е закана за целиот свет

Јужна Кореја соопшти денеска дека најновото лансирање ракета од Пјонгјанг е закана за целиот свет. Тие предупредуваат на казнена акција доколку има и други провокации како што е нуклеарна проба или лансирање ракета со голем дострел.

– Севернокрејското покажување низа офанзивни ракети на вчерашната воена парада и обидот да испука денеска балистичка ракета, се демонстрација на сила што е закана за целиот свет, соопшти Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.

Пацифичката команда на САД соопшти дека севернокорејска ракета „експлодирала речиси веднаш“ по пробното лансирање синоќа од источниот брег на Северна Кореја,пред посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс на Јужна Кореја.