-->
-->
Сестри од Скудриње се затруле со јаглероден моноксид, едната починала на пат кон болница
-->
Две сестри на возраст од 21 и 22 години од долнореканското село Скудриње се затруле, најверојатно со јаглероден моноксид. Помладата на пат кон гостиварската болница починала.
Две сестри на возраст од 21 и 22 години од долнореканското село Скудриње се затруле, најверојатно со јаглероден моноксид. Помладата на пат кон гостиварската болница починала. Двете спиеле во помошна просторија на семејната куќа, која се затоплувала со печка на дрва.
“На родителите им станало сомнително што девојките не се разбудени и влегле во просторијата, но тие биле во бессознание. Набрзо им е пружена помош во здравствениот дом во Ростуше, а оттука препратени за Гостивар, но по патот помладата сестра починала” – изјави Марјан Јосифоски-Портпарол на СВР Тетово.
Постарата сестра е згрижена на Клиниката за токсикологија во Скопје и е во тешка здравствена состојба. Полицијата извршила увид на местото, а истрагата испитува како дошло до труење со отровниот гас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот