Македонија
27. January 2021 - 8:27

Серија земјотреси во Маврово - најсилниот со јачина од 3,6 степени

Серија земјотреси ноќва и утринава во Маврово.

Серија посилни и помлаки земјотреси регистрираа сеизмолошките опсерватории во регионот. Сите беа со епицентар во Маврово, на длабочина од еден до два километри.

Најпрво послаб земјотрес се почувствува вчера во 21.03 часот. После полноќ следеа низа потреси. Првиот беше регистриран во 1.36 часот со магнитуда од 3,2 степени, по што следуваа уште два земјотреса во 2.29 и 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала.

Потоа имаше серија послаби земјотреси, за да утрово се регистрира најсилниот денеска од 3,6 степени.