Фудбал
2. April 2017 - 17:55

Серија А: Победа на Аталанта на гости кај Џенова

Екипата на Аталанта попладнево во натпревар од 30.коло од Серија А постигна убедлива победа од 5:0 на гостувањето кај Џенова и се проби на петтото место на табелата. Најдобар играч на дуелот беше гостинскиот фудбалер Алејандро Гомез, кој постигна хет-трик
Резултати на денешните натпревари: Торино – Удинезе 2:2, Киево – Кротоне 1:2, Фиорентина – Болоња 1:0, Џенова – Аталанта 0:5, Палермо – Каљари 1:3, Пескара – Милан 1:1.
Во терминот од 20:45 часот играат Наполи и Јувентус. 
На вчера одиграните натпревари: Рома – Емполи 2:0, Сасуоло – Лацио 1:2.
Колото ќе биде комплетирано со утрешниот дуел меѓу Интер и Сампдорија.
Табела: Јувентус 73 бодови, Рома 68, Наполи 63, Лацио 60, Аталанта 58, Интер 55, Милан 54,...