Фудбал
1. December 2015 - 8:50

Серија А: Наполи го победи Интер и го презеде првото место

Екипата на Наполи е новиот лидер во Италијанското фудбалско првенство откако синоќа пред своите навивачи го победија досега водечкиот Интер со 2:1.
Ова воедно беше последниот натпревар од 14.коло, а Наполи ја постигна својата деветта победа, додека за Интер беше втор пораз.
Наполи поведе на самиот старт со голот на Гонзало Игуаин (2.минута), а истиот фудбалер зголеми на 2:0 со голот во 62.минута. Пет минути подоцна Адем Љаиќ ги постави конечните 2:1.
 
На вториот натпревар одигран вчера Сасуоло – Фиорентина 1:1.
 
Резултати на другите натпревари од 14.коло: 
Палермо – Јувентус 0:3, 
Емполи – Лацио 1:0, 
Рома – Атланта 0:2, 
Киево – Удинезе 2:3, 
Фросиноне – Верона 3:2, 
Џенова – Карпи 1:2, 
Милан – Сампдорија 4:1 и 
Торино – Болоња 2:0.
 
Табела: Наполи 31 бод, Интер 30, Фиорентина 29, Рома 27, Јувентус 24, Сасуоло 23, Милан 23,...