Балкан
5. January 2017 - 9:19

Серија експлозии во центарот на Атина

Во центарот на Атина избувнаа серија експлозии, а некои од нив предизвикаа и пожари, пишува „Катимерини“. 

Рачно изработени експлозивни направи експлодираа од адвокатска канцеларија и во канцеларијата на центарот за европско уставно право, каде изби и пожар. 

Од огнот четири лица се заробени во зградата, а една жена е хоспитализирана. 

Мети на бомбашките напади биле и претставници на Министерството за труд, кои биле заплашувани со физичко насилство.