-->
-->
Сензација, Весели го порази Ѓоковиќ
-->
Новак Ѓоковиќ го доживеа вториот пораз во 2016 година по кој го заврши настапот на Мастерсот во Монте Карло уште во второто коло. Првиот светски рекет, кој во Монте Карло пристигна како бранител на титулата, загуби во три сета 4:6, 6:2, 4:6 од Чехот Јиржи Весели.
Ѓоковиќ во кнежевството го доживеа првиот пораз по серијата од 14 победи кои му ги донесоа титулите на Мастерс турнирте во Индијан Велс и Мајами. Со овој пораз тој загуби 910 бодови, но неговата предност нема да биде загрозена. Пред Монте Карло тој имаше двојно повеќе бодови на АТП листа од вториот и третиот Енди Мари, односно Роџер Федерер.
Исто така, српскиот тенисер по цели три години испадна уште на стартот на некој турнир. Во 2013 година Ѓоковиќ во Мадрид загуби од Григор Димитров.
„Очигледно е дека не ми е лесно да го прифатам поразот, но морам да му честирам на противникот. Мислам дека играше многу добро, одлично сервираше...Навистина тактички играше добро. Од друга страна, малку позитивни работи имаше во мојата игра. Играв многу, многу лошо. Победата на Весели е заслужена. Во вториот сет, кога стигна до брејк, играше агресивно и разновдно. Ја заслужи победата. Овој меч е доказ дека никој не е непобедлив“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
Најдобриот на светот наредниот настап ќе го има на Мастерсот во Мадрид, турнир кој го пропушташе во 2014 и 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање