Сенатот го потврди изборот на адвокатот на Трамп за нов амбасадор на САД во Израел
Американскиот Сенат го потврди изборот на конзервативецот Дејвид Фридман за нов амбасадор на САД во Израел и покрај острото спротивставување на демократите.
Фридман е пријател на Трамп и негов поранешен адвокат, кој му помогнал при банкротот на една од неговите фирми.
Новиот амбасадор предизвика бранување во политичката јавност во САД, Европа и на Блискиот Исток поради неговите „тврди“ позиции за блискоисточните состојби и за решавњето на израелско-палестинските судирања.
Фридман се спротивставува на оппто прифатеното решение за седум деценискит спор според моделот за создавање на „две држави“ - Израел и Палестина, и се залага и за преселување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, за кого смета дека е „вистинскиот главен град на Израел“.
Тој ја поддржува израелската политика за изградба на еврејски доселенички населби на Западниот Брег, што е под контрола на Израел од јунската војна во 1967 година, на што се спротивставува мнозинството од меѓународната заедница кое таа територија, заедно со Голанската Висорамнина, ја сметаат за „окупирана“.
Во текот на сослушувањето пред членовите на сенатската Комисија за надворешна политика, Фридман се извинл за некои свои поранешни „груби изјави и квалификации“, но останува нејасно што од неговите лични уверувања ќе применува како амбасадор на САД.
ОН не го признаваат Ерусалим како израелски главен град, па амбасадата на САД со децении е во Тел Авив.
Плестинците сакаат Источен Ерусалим, кој до јуни 1967 година беше дел од Јордан, да биде главен град на идната палестинска држава.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху го поздрави поставувањето на Фридман за нов амбасадор, но Палестинците уште претходно објавија дека префрлувањето на Американската амбасада во Ерусалим и откажувањето од „двојната формула“ ќе значи целосен прекин на мировниот процес што веќе неколку години е во застој.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе