Џет-Сет
8. September 2016 - 9:45

Семејството на Новак Ѓоковиќ традиционално прегрнува дрво

Новак и Јелена Ѓоковиќ уште еднаш докажаа дека се „сосема обични луѓе“. Заедно со својот син Стефан го направиле она што е веќе долга традиција на семејството Ѓоковиќ.

Јелена на социјалните мрежи објави фотографија на која сите тројца прегрнуваат дрво.

- Семејна традиција, напишала сопругата на Новак.

Иако не објаснила точно зошто е ова традиција на семејството Ѓоковиќ долги години, сепак е јасно дека тие на овие моменти им посветуваат многу внимание.

Речиси редовно на најзиниот профил се појавуваат фотографии од дрвја.