Семејство остана на улица, па од автобус си направија нов дом
Брачната двојка Мајра и Џереми Томпсон немале своја куќа, ниту пак пари за изнајмување на стан, но сосема случајно дошле до еден стар училиштен автобус.
Во моментот кога семејството требало да се прошири, односно кога Мајра останала бремена, Џереми сфатил дека станбеното прашање мора да се реши.
Тогаш се свртел кон единствената работа што ја имале - стариот автобус. И од него направил феноменален дом за своето семејство.
Самиот автобус е направен уште во 1989 година, а на двојката и требаше 4 години за да го заврши проектот. Можеби не е „најнова“ работа во соседството, но секако е најатрактивна.
Идејата дошла откако двојката посакала да има слобода да патува но и да имаат нешто што ќе биде нивен дом, каде и да се.
Кујната не е посебно голема, но е доволно широка за еден човек да се движи наоколу. Содржи фрижидер, шпорет и садопер, односно се што е неопходно за една кујна.
Во дневната соба во која може да се опуштите и читате се наоќа и мала печка која ги грее додека работат - посебно во оние студени зимски месеци.
Спалната соба има место и за седење и за музика. Поради дрвениот плафон кој е одличен за акустика. Џереми тоа место го користи за свирење гитара.
Ова е само доказ дека не треба да ја имате најголемата куќа во соседството за да ја пронајдете вистинската среќа, а оваа двојка која го исполни својот сон е доказ за тоа.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија