Македонија
17. February 2018 - 13:58

Семејна драма во Скопје: На Вибер му се заканувал дека ќе го убие ако не му ја даде ќерката

Вчера утрината околу 10 часот во Полициското одделение Сарај,  46-годишниот Е.Б. од село Љубин-скопско, пријавил дека од страна на неговиот внук, 19-годишниот Е.Б. му била загрозена сигурноста. 

Според кажувањето на пријавителот, истиот ден преку вибер,  Е.Б. му испратил пораки со закана дека ќе го убие него и неговото семејство доколку не му ја даде неговата ќерка. Претходно, на 14.02.2018 година околу 23:50 часот му се јавил неговиот братучед А.Б. и го предупредил да внимава затоа што неговиот внук избегал од домот. Тој избегал откако дознал дека пријавителот ја верил неговата ќерка и бил револтиран затоа што бил во љубовна врска со неа. Пријавителот, исто така, појаснил дека внукот Е.Б. на 31.12.2017 година ја зел неговата ќерка и два дена биле заедно во хотел во Тетово без негова дозвола, а бидејќи не знаел каде е ќерка му тој ја пријавил за изчезната во Полициската станица.