Балкан
4. November 2015 - 9:52

Семејна драма: Силуваното девојче мора да абортира

Петнаесетгодишно девојче од Србија со месеци било силувано од својот татко Драган Милијанчевиќ. За жал несреќното девојче останало бремено, па според српските медиуми, ќе и биде направен абортус.

Девојчето поминало низ ужас, а бременоста мора да се прекине поради здравствени причини.

-Се прават детални анализи и после тоа ќе бидеме сигурни во каква состојба е плодот стар 25 недели. Засега не знаеме дали бременоста е нормална. Девојката е неподвижна, заостаната е и ментално и со растот, изгледа како дете од седум години, многу е слаба и не гледа добро. Со оглед на нејзината состојба, тешко дека ќе може да ја изнесе бременоста, изјавил доктор, пренесува српски Ало.

Драган и неговата невенчана сопруга Богданка, имаат уште четири малолетни деца, како и три кои ги остави Богданка по пораѓањето.

Центарот за социјална работа од Србија ќе им ги одземе сите деца, а казната за Драган дополнитело се утврдува.