Македонија
19. August 2020 - 13:45

Села/Гаши: Влада без легитимитет не трае долго

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива сметаат дека коалицијата СДСМ-ДУИ нема да трае долго.

Сметаат дека таа е нелигитимна и нелегална оти не е одраз на вољата на граѓаните.

Африм Гаши вели дека гласовите на ДУИ се добиени со закани и притисоци.

-ДУИ ги излажа гласачите, ветуваше премиер Албанец а сега гледаме дека се откажа од таа идеа. Дали и ние на следните избори треба да лажеме?, изјави Гаши.

Лидерот на Алијанса, Зијадин Села рече дека ДУИ ќе има силен противник во Собранието.

Очекува обвинителството да истражи како гласачи кои не биле присутни во државата за време на изборите, гласале на 15 Јули.

 

Зоран Јаневски