Села: Мислам дека е време Албанец да биде претседател на државата
Алијанса за Албанците ќе има свој кандидат за претстојните претседателски избори што ќе се одржат во април. Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека е време Македонија да добие претседател Албанец.
- Алијанса за Албанците ќе има свој кандидат и името ќе го објави откако ќе се договориме во партијата. Мислам дека е време Албанец да биде претседател на државата и така да пратиме порака за една нова Македонија ослободена од сите предрасуди. И така ќе бидеме едно општество за сите, рече Села.
Тој додаде дека нема да се кандидира за претседателските избори. Според него консензуален претседател им одговара само на ДУИ.
- Јас не слушам дека има консензуален кандидат. ДУИ цела година договара. Консензуален беше и Ѓорѓе Иванов, тоа беше договор помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Така Албанците му помогнаа на Иванов да го победи Стево Пендаровски. Потоа се правдаат и не преземаат одговорност и не го прифаќаат претседателот. Сега повторно се впуштаат во иста игра со консензуален претседател. Консензуалноста треба да се реши со Устав и тој треба да се избере во Собрание. Ова им одговара само на ДУИ за да се скријат од својот срам, за работите што ги направија во изминатите години. Тогаш и Ѓорчев би можел да биде консензуален кандидат, зошто да не? За ДУИ се е во игра само за да си ги покријат трагите, рече Села.
Исто така, рече дека Алијансата за Албанците е за предвремени парламентарни избори.
- Шарена револуција викаа нема правда, нема мир. Сега има мир, нема правда, затоа треба да има избори да се исчисти државата од политичари кои си носат закони за себе да не одговараат за своите криминали. Само така ќе дојде правдата која се најавуваше, рече Села.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите