Села: Имаме мнозинство за разрешување на министрите Меџити и Алиу, Таравари е повикан на утрешното партиско Собрание
Пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во изјава за медиумите истакна дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, фатмир Меџити и Азир Алиу.
-Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска Комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што тие го видоа како одлука на Алијансата за Албанците, рече Села.
На новинарско прашање дали очекува претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да присуствува на утрешното партиско Собрание, Села потенцира дека го поканил уредно како и сите други членови на Централното Собрание.
-Го имам покането, како и секој друг член на Централното Собрание со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местот и е да дојде таму, изјави Села.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом