Села и Гаши бараат друг датум од Ахмети за заедничка средба
Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја прифатиле поканата на лидеорт на ДУИ Али Ахмети за средба на сите албански партии, но бараат за состанокот да има конкретна агенда, како и средбата да се помести на друг датум, наредната недела.
„Претседателите Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Африм Гаши од Алтернатива ја прифатија поканата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за заедничка средба на која беа поканети сите претставници од албанските партии. Политичкиот механизам на заедничка средба е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и, како таков, сметаме дека треба да продолжи да се култивира за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија. Со цел за да имаат суштински и плоден состанок, но и појасна да биде причината за организирање на состанокот, партиите побараа агенда, но и разгледување на можноста за друг датум, кој би бил по понеделник (17.08.2020)“, информираат од коалицијата ААА.
Ахмети пред два дена испрати јавна покана до лидерите на ДПА Мендух Тачи, на БЕСА Билал Касами и на СЕла и Гаши за состанок на лабнаските партии симоблично закажан за утре, на годишнината од Рамковниот договор, но содржински посветена на псотизбоните коалицирања и положбаата на албанскиот блок во новата Влада.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Британија ќе ја развие инфраструктурата
-
Национален ден на Власите
-
Обвинителството бара притвори за Онкологија
-
Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци
-
Муцунски: Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Калас
-
Уапсен кавадарчанец кој возел со 3,05 промили алкохол во крвта
-
Спајиќ: Блиску сме до решение за воведување седумчасовен работен ден во Црна Гора