Села: Бугарија има територијални претензии кон Македонија
Бугарија се уште има територијални претензии кон Северна Македонија, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во изјава за ТВ21.
„Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија“, вели Села.
Села вели дека спорот во основа го содржи прашањето за неколку историски ликови, но смета дека проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор вели воопшто не учествува на теми од ваква важност.
Села изрази загриженост и за училишните текстови кои ги учат младите Македонци за Албанците, како дојден народ, и обратно, „лагите кои ги изучуваат учениците Албанци“.
„Ние и натаму живееме овде во Македонија како привремен народ со историја што ја изучуваат децата Албанци и која нема врска со нашите преродбеници туку има врска повеќе со лажната историја која им се наметнува ним“, додава Зијадин Села.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?