Секс со орално задоволство за 900 денари - Oва се цените на уличните проститутки
На магистралниот пат Приједор-Бања Лука има многу продавачки на љубов, кои нудат услуги. Како што пишуваат тамошните медиуми, полицијата немала сознанија за овој вид бизнис. Тоа било јавна тајна, бидејќи едни исти "стоперки" можат да се видат од Свада кај Приједор до Бања Лука.
- Има четири-пет. Слушнав дека едната имала син наркоман кој ја тера тоа да го работи. Другата е мажена и нејзиниот сопруг знае со што се занимава таа, но изгледа важни му се само парите и паричникот да му биде полн, а не му е битно неговата жена што работи, раскажал приедорчанецот, чиј идентитет е познат само на редакцијата на "Дневни аваз", кој поради работа секојдневно поминува по овој магистрален пат.
Исто така, тој раскажал и дека една "дама" пред некој ден му влегла во автомобилот. Кажал оти таа го стопирала, одма влегла во неговиот автомобил и почнала да му раскажува некоја безвезна приказна.
Кажала дека кога се враќала некој старец и понудил 20 марки да го задоволи орално и нагласила дека кога би бил млад со задоволство ќе го направела тоа, но него ни за 50 марки тоа задоволство не би му го пружила, раскажал тој, и додал дека кога таа ја видела неговата реакција сфатила дека нема ништо од "таа работа", го замолила да застане и се симнала од колата.
Како што пишува "Независне новине", кризата и конкуренцијата ја има во секоја работа, па така и во овој најстар занает цените се намалуваат.
Извесен Драги за весникот раскажал дека на некој средношколец од село блиску до Бања Лука неговиот "пријател" го почестил и му платил комплетно задоволство кое го чинело само 30 марки (900 денари).
За работата која ја работат овие жени не кажуваат никому и ретко разговараат, а од новинарите бегале како од полиција, заклучува весникот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата