-->
-->
Секс скандал во Ајакс
-->
Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс, го напушти клубот, објави клубот од Амстердам. Овермарс испраќал скандалозни и непримерни пораки до колешките, поради што морал да го напушти клубот.
„Марк Овермарс веднаш ќе го напушти Ајакс. Оваа одлука ја донесе по состанокот со надзорниот одбор и претседателот на Управниот одбор, Едвин ван дер Сар. Во подолг временски период тој на неколку колешки им испраќал вулгарни пораки“, соопшти фудбалскиот клуб Ајакс.
По клубот се огласил и 48-годишниот Овермарс, кој во кариерата играл за Го Ахед Иглс, Ајакс, Арсенал и Барселона.
„Засрамен сум. За жал, не сфатив дека ја минав границата. Овие денови сè ми стана јасно. Почувствував голем притисок. Се извинувам. Предоцна ми стана јасно дека личност на моја позиција не смее така да се однесува. Поради тоа морам да го напуштам Ајакс“.
Оваермарс е во Ајакс од 2012 година, минатата година го продолжи договорот до 2026. Во зимскиот преоден рок одби да стане спортски директор на Њукасл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски во Србија
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
4 пациенти заминаа за Атина
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори