СЕКС СКАНДАЛ: Политичарка имала секс со мигрант, дознајте зошто ќе лежи во затвор
45-годишна шведска политичарка, член на социјалдемократската партија, во градот Алингсос во Шведска е осудена на шест месеци затворска казна поради сексуално искористување на млад мигрант од Авганистан.
Шведската политичарка во повеќе наврати имала сексуални односи со 16-годишниот Авганистанец во бегалскиот центар во кој што работела. Според пресудата, таа со Авганистанецот имала секс најмалку во 10 различни ситуации во текот на минатата година, како во центарот за мигранти, така и во нејзиниот дом.
Според сведочењето на мигрантот, тој првиот пат ѝ помогнал да внесе маса за масажа во нејзиниот дом. Тогаш таа започнала да го масира и според неговите зборови, таа го иницирала сексуалниот однос.
Покрај тоа, таа му купила и скап мобилен телефон, често му купувала алкохол и цигари и му рекла дека ќе се погрижи да добие шведски пасош. Авганистанецот сведочел дека со политичарката имале незаштитен секс затоа што таа сакала да има деца со него.
Покрај политичкиот ангажман, уапсената жена била и официр во вооружените сили на Шведска. Авганистанецот признал дека таа му го покажала и пиштолот и униформата и поради тоа наводно се плашел дека нешто ќе му се случи ако ја каже вистината.
Од друга страна, осудената политичарка признала дека била заинтересирана за сексуален однос со младиот мигрант, но таа тврди дека тој во целост ја превзел иницијативата. Таа е осудена на шест месеци затворска казна и ќе мора да му плати на Авганистанецот обесштетување во висина од 8 илјади евра.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата