Секоја втора нова инфекција со коронавирус во Германија е најверојатно со варијанта Делта
Секоја втора нова инфекција со коронавирус во Германија е најверојатно со варијанта Делта, соопшти денеска Институтот за инфективни болести Роберт Кох, јави ДПА.
– Најмалку 35 проценти од инфекциите се со варијанта Делта, но податоците се од пред неколку дена и реалниот процент може да биде 50, изјави Лотар Вилер, шеф на институтот на состанокот со министрите за здравство на германските провинции.
Во втората недела од јуни беа заразени само 15 проценти од заразените со варијанта Делта на коронавирусот.
Вилер нагласи дека ширењето на сојот Делта ќе доведе до зголемување на вкупниот број на лица заразени со коронавирус. Германските федерални и регионални лидери ги разгледуваат тековните правила за луѓето кои пристигнуваат во Германија, јави ДПА.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови