Џет-Сет
8. July 2016 - 14:06

Секој ден и носи цвеќе, оваа жена бдее над гробот на Јелена повеќе од родената мајка - причината за тоа е...

Мајката и сопругот на убиената Јелена Маријановиќ (33), вчера на празникот Иванден го посетија нејзиниот гроб да запалат свеќа и да и однесат свежо цвеќе. 

Како што дознава српскиот портал „Ало“, Зоран Марјановиќ еднаш неделно го посетува гробот на својата сопруга, но никогаш не е сам, или оди со неговиот татко или со неговата баба.

- Од кога е погребана Јелена, Зоран редовно оди на гробишта, но никогаш не го посетува сам. Доаѓа во друштво со неговиот татко или со мајката на Јелена. Интересно е што тие тројца никогаш заедно не го посетиле гробот, освен на погребот и поменот, вели пријател близок до семејството. 

Но исто така додава дека гробот на Јелена секојдневно бил посетуван од нејзината кума. 

- Не минува ниту еден дена, а таа да не и однесе цвеќе на гробот. И доаѓаат и другите кумови бидејќи ги има неколку, но кумата почесто го посетува и од родената мајка и сопругот. Беа многу блиски и таа ни по три месеци од убиството не може да се помири дека ја нема, открива изворот.