Loading Video...
Спорт плус
10. May 2020 - 20:56

Сеќавање на Димитар Илиевски - Мурато

На 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест
Пред точно 31-на година  славниот  Илиевски – Мурато  како член на македонско-хималајската алпинистичка експедиција го освои покривот на светот висок 8848 метри со што македонското знаме за првпат се развиори на највисокиот врв на Хималаите. 
За жал Илиевски кој цели 80 минути минал на Монт Еверест не успеа да се врати во базата и остана вечно на Хималаите.  Секоја година македонските планинари во организација на Планинарскиот клуб Пелистер го одбележуваат овој датум со планинарски марш искачувајќи се на до Димев врв кој го носи неговото име. 
Димитар Илиевски Мурато посмртно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, од Македонскиот олимписки комитет е прогласен за „Великан на спортот”, а добитник е и на други награди и признанија. Општина Битола во чест на својот истакнат граѓанин пред неколку години во централното градско подрачје именува улица со името на Димитар Илиевски-Мурато.