Ракомет
10. February 2023 - 20:00

СЕХА: Словаците немоќни против македонскиот првак Вардар

Македонскиот ракометен првак Вардар ја оствари посакуваната победа со пет гола разлика во СЕХА лигата против Татран Прешов кој загуби во Скопје со 29-24 и ги однесе црвено-црните на врвот во групата во која е уште и белградски Партизан. 

По рамноправните почетни минути Вардар почна да се одлепува и до крајот на првиот дел имаше предност од 15-10. Добрата игра продолжи и во второто полувреме кога се одлепивме на највисоки плус 7 што на крајот значеше и победа од 29-24. 
Чувара беше најефикасен кај победникот со 5 погодоци додека кај гостите се истакна Рабек кој беше и најефикасен со 10 погодоци. 
Одлична вечер имаше и Томовски со 12 интервенции.