-->
-->
СЕХА: Металург поразен на гостувањето кај Нексе
-->
Ракометарите на Металург со пораз ги завршија натпреварите сезонава во СЕХА лигата. Синоќа Металург загуби од Нексе со 27:22 (11:11). По овој пораз македонскиот вицепрвак шампионатот го заврши на 8.место на табелата бидејќи вчера Горење славеше победа од 36:32 на гостувањето кај Извиѓач.
Натпреварот со Нексе, Металург го загуби во последните минути. Во 54.минута Нексе водеше со 23:21, а потоа домашниот тим имаше серија од 4-0 што се покажа како решавачка за победата. Кај Металург по 4 голови постигнаа Вања Илиќ, Никола Костевски, Немања Обрадовиќ и Мартин Велковски, додека кај Нексе Давид Шпилер и Иван Сршен беа стрелци на шест голови.
Металург ан овој дуел настапи ослабен без македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски и Александар Гуглета.
До крајот на регуларниот дел од СЕХА лигата треба да се одиграат уште три натпревари: Извиѓач – Вардар и Татран – Загреб (14.март) и Загреб – Мешков Брест (16.март).
Табела: Вардар 44 бодови, Веспрем 44, Загреб 34, Цеље 33, Мешков Брест 32, Горење 18, Нексе 18, Металург 17, Татран Прешов 10, Извиѓач 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот