Ракомет
3. October 2017 - 22:30

СЕХА лига: ППД Загреб се мачеше за да го победи Металург

Ракометрите на хрватскиот првак ППД Загреб ја постигнаа третата победа сезонава во СЕХА лигата откако вечерва како гости го совладаа Металург со 32:26 (13:12).
По изедначеното прво полувреме во кое на паузата гостите имаа минимална предност. загреб по пет минути игра имаше три разлика (18:15), но Металург се врати на 20:20. Загреб имаше нов обид да се „одлепи“ и поведе со 25:21, но Металург пак се доближи 25:26 во 51.минута. До крајот на дуелот Металург постигна само еден гол,а Загреб шест што беше доволно за триумф.
Најефикасен на натпреварот беше Стипе Мандалиниќ со 8 голови, додека кај Металург Халил Јаганац постигна 7. Македонскиот вицепрвак ја продолжи „црната“ серија и на овј дуел постигна само еден гол од пет обиди.
На клупата на Металург беше Александар Јовиќ, во отсуство на Лино Червар кој ќе се концентрира на обврските со хрватската репрезентација. Во поголемиот дел од натпреварот на клупата беше и капитенот на Металург, Филип Кузмановски.
На другите два дуела од 5.коло одиграни денеска: Татран Прешов - Динамо Панчево 36:24 и Мешков Брест - Нексе 35:23.