Ракомет
29. October 2015 - 11:56

СЕХА лига: Нов пораз на Макс Струмица

 
Ракометарите на Макс Струмица претрпеа нов пораз во СЕХА лигата, но барем овој пат од хрватскиот тим  Нексе.
 
Македонскиот вицешампион кој одигра квалитетно само во првото полувреме загуби Нексе со 23-17.
 
Чизмовиќ постигна 5, Везенковски 4 гола за струмичката екипа, додека кај победничкиот тим Халилковиќ имаше 5 погодоци без ниту едно промашување.
 
Ова е шести пораз за Макс Струмица во осум меча, со што остана на претпоследната, деветта позиција со два бода.
 
Следниот меч го игра токму со последниот Борац, на гости, на 14 ноември.
 
Дури и овој пораз може да се толкува како некаков позитивен сигнал среде кризата која досега бележеше неуспеси и со по 20 разлика во СЕХА лигата, или со 14 од Хаукар, во Купот на ЕХФ.