Ракомет
9. December 2015 - 21:57

СЕХА лига: Макс Струмица поразена од Војводина

Ракометарите на Макс Струмица вечерва претрпеа нов пораз во рамките СЕХА лигата. На гостувањето кај Војводина во Нови Сад загубија со 30:25. Струмичани беа конкурентни само во првото полувреме кое заврши со резултат 14:14.
Најмногу голови кај Војводина постигнаа: Страхиња Станковиќ 9 и Милош Орбовиќ 8, додека кај Мак Струмица по 7 голови постигнаа: Игор Милосављевиќ и Славиша Димитриевски.
На денеска одиграните дуели: Мешков Брест – Веспрем 25:37 и Борац Бања Лука – Спартак 28:24.
Утре се игра дуелот Вардар – ППД Загреб (почеток 17:45 часот).
Табела: Татран Прешов 27 бодови, ППД Загреб 24, Веспрем 22, Вардар 22, Мешков Брест 21, Нексе 15, Војводина 11, Борац 10, Спартак 7, Макс Струмица 2.