Ракомет
4. April 2016 - 11:05

СЕХА: Душебаев и Циндриќ во тимот на Ф4 турнирот

Ракометарите на Вардар, Лука Циндриќ и Алекс Душебаев влегоа во идеалниот тим на „фајнл фор“ турнирот од СЕХА лигата што викендот се играше во Вараждин.
 
Идеален тим на Ф4 турнирот:
голман - Иван Стевановиќ (ППД загреб)
лево крило - Кристијан Угалде (Веспрем)
лев бек - Момир Илиќ (Веспрем)
среден бек - Лука Циндриќ (Вардар)
десен бек - Алекс Душебаев (Вардар), 
десно крило - Златко Хорват (ППД Загреб)
пивотмен - Расто Стојковиќ (Мешков).
 
За МВП (најкорисен играч) е прогласен Момир Илиќ од Веспрем.
 
Вардар го освои второто место на турнирот откако во финалето загуби од Веспрем со 28:26.