Седумнаесет милиони бебиња дишат токсичен воздух
На светско ниво, околу 17 милиони деца помали од една година дишат токсичен воздух. - 12,2 милиони од нив живеат во Јужна Азија
Анадолија - Анкара
Детскиот фондот на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека на светско ниво, околу 17 милиони деца помали од една година се принудени да дишат токсичен воздух.
Во извештајот на УНИЦЕФ се вели дека меѓународната граница на загаденост на воздухот, одредена од страна на Светската здравствена организација, е најмалку шестпати повисока во подрачјата во кои живеат 17 милиони бебиња.
На сателитските снимки може да се забележи дека 12,2 милиони од овие бебиња, кои се жртви на токсичниот воздух, живеат во регионите на Јужна Азија, кои се најмногу погодени од таквото загадување.
Според извештајот на УНИЦЕФ, 4,3 милиони од бебињата живеат во подрачјата на Источна Азија и Пацификот, во кои загаденоста е шестпати поголема од дозолената меѓународна граница на загаденост на воздухот.
Во извештајот се забележува дека вдишувањето на токсичниот воздух може да го оштети развојот на мозокот кај доенчињата и се истакнува дека во развојот на бебињата многу се битни првите 1.000 дена.
Исто така, се наведува дека честичките во нечистиот воздух можат да предизвикаат оштетувања во мозочното ткиво, што би го попречило когнитивниот развој кај децата.
Се истакнува дека таквата состојба остава трајни последици во животот на децата.
- Нечистиот воздух не останува само со оштетувања на белите дробови кај децата, туку во исто време создава трајни оштетувања во нивните мозоци кои се во развој и на тој начин влијае врз нивната иднин, изјави генералниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.
- Потребно е да ги заштитиме децата од нечистиот воздух, но не само децата, во исто време, треба да се намалат здравствените трошоци, да се зголеми продуктивноста и да се создаде многу побезбедна, почиста средина, што е од голема корист за целото општеството, оцени Лејк.
Во извештајот се наведуваат итните чекори што треба да се преземат со цел да се намали влијанието на нечистиот воздух врз развојот на мозокот на бебињата.
Се предупредува дека родителите треба колку што е можно порано да ги преземат сите чекори со кои децата ќе бидат држени подалеку од сите извори на штетни гасови и чад, првенствено од производи од тутун.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре