Loading Video...
Свет
25. February 2020 - 16:46

Седуммина загинаа, а над 150 лица се повредени во насилните протести во индискиот главен град Њу Делхи

Седуммина загинаа, а над 150 лица се повредени во насилните протести во индискиот главен град Њу Делхи, против новиот закон за државјанство, кој што се смета за дискриминаторски кон муслиманите. Откако се судриле две групи на демонстранти, едни кои протестираат против САД, а другите во поддршка, со цел да ги растера, полицијата употребила солзавци и димни бомби.

Насилните протести се случиле само неколку часа по пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Индија.

Додека едната група демонстранти на постер со ликот на Трамп, на неговото чело ставија црвена точка, со што го благословија,  другите носеа транспаренти на кои пишуваше “Оди си Трамп”.

Демонстрации против Трамп имаше и во неколку други градови во Индија.

Инаку, посетата на американскиот претседател има за цел Индија и САД да ги зајакнат билатералните односи со глобално партнерство, а беше потпишан и договор во областа на одбраната со вкупна вредност од три милијарди долари.