Седум пожари на отворено изминатите 24 часа во државата
Седум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарникари интервенирале на опожарена дива депонија во општина Карпош. Горела сува трева кај болницата „Бардовци“. Опожарени биле сува трева и скелиња за тутун во Прилеп. Во општина Пехчево, кај село Негрево, месност „Каширска Чешма“, гореле нискостеблести растенија и млада борова шума. Во Штип се интервенирало на запалени ѓубриште, грмушки и сува трева. Во општина Старо Нагоричане гореле суви гранки, а во општината Ранковце, пожарникари интервенирале на опожарена мешана сечена шума.
Како што информираат од ЦУК, синоќа имало и потрага по исчезнато лице во општина Битола.
- Регионалниот ЦУК - Битола, информираше дека лице на 19 години од Горно Оризари е пријавено за исчезнато од страна на неговите родители во 20.30 часот. Пред полноќ, акцијата успешно завршила. Во 23.50 часот од полицајци, изгубеното лице е пронајдено, појаснуваат од ЦУК.
Изминатите 24 часа имало вкупно 2.091 повик на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК.
- Од нив, „реални“ повици - 65,52 отсто, а 34,48 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 67,73 проценти, кон Итната медицинска помош -20,64 отсто, а кон пожарникарите - 6,10 проценти, од реалните повици, додаваат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото