Седум починати и 177 заразени со Ковид-19 по свадба во американската држава Мејн
Седум лица починаа, а најмалку 177 се заразени откако присуствувале на свадба – ова е тажната статистика забележана во американската држава Мејн, јавија американски медиуми.
На прославата присуствувале 65 лица додека максимално дозволен број поради пандемијата е 50 лица.
Венчавката се одржала на 7 август, со верска церемонија во баптистичка црква, а потоа и хотелски прием. Двете места се близу до живописниот град Милинокет со 4.000 жители во државата Мејн. По 10 дена, 24 лица поврзани со настанот се заразени со коронавирус, а вчера беше објавено дека 177 веќе биле заразени и дека седум лица починале од Ковид-19.
Од починатите само еден не присуствувал на венчавката.
Истрагата укажала на неколку жаришта на зараза во државата. Меѓу нив, повеќе од 80 случаи се во затвор на 370 километри од местото на венчавката, на кое присуствувал припадник на обезбедувањето на затворот, 10 случаи се во баптистичката црква, 39 случаи и 6 смртни случаи се во дом за нега на стари лица на 160 километри од Милинокет.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото