-->
-->
Седум младински кошаркарски селекции пријавени за настап во 2017 година
-->
Продолжува заложбата на раководството на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за континуиран настап на нашите млади селекции на Европските првенства, се со цел за што подобар напредок и усовршување на нашите млади кошаркари и кошаркарки во натпреварите против квалитетните противници.
МКФ реши пет млади селекции на Македонија да учествуваат на Европските шампионати во 2017 година, а репрезентациите до 14 години во машка и женска конкуренција да настапат на турнирот во Словенија.
Машката селекција до 20 години е пријавена за Европското Првнство дизвизија Б кое ќе се игра следната година од 15-23 јули 2017. Јуниорска селекција за кошаркари до 18 години(У-18) ќе биде дел од ЕП дивизија Б од 29 јули до 6 август. Нивите врснички, женската селекција(У-18) ќе игра на ЕП Дивизија Б од 5 до 13 август во 2017.
На континеталните шампионати ќе учествуваат и македонските национални тимови за кошаркари и кошаркарки до 16 години. Кадетите ќе играат на ЕП Дивизија Б од 11 до 19 август 2017, додека кадетките во дивизија на првенството кое ќе се одржи од 18 до 26 август во 2017 година.
На меѓународната сцена ќе настапат и македонските репрезентации во машка и женска конкуренција до 14 години. Нашуте најмлади селекции и во 2017 ќе бидат дел од силниот Меѓународен турнир во Словенија под покровителство на ФИБА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“
-
Повеќе од 24 часа исчезната е прилепчанката Билјана, семејството моли за помош | ФОТО
-
Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне Украина, туку ќе ја доведе Унијата во војна
-
Поранешен чувар во амбасадата на САД во Осло обвинет за шпионажа за Русија и Иран
-
Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник