Седум лица се повредени, тројца во критична состојба - ги нападнал маж со секира
Седум лица се повредени, од кои тројца се наоѓаат во критична состојба, кога маж вооружен со секира синоќа нападна патници на главната железничка станица во Дизелдорф, административен центар на германската сојузна покраината Северна Рајна Вестфалија.
Како што најави дописникот на МИА од Берлин, нападот почнал во вагон во возот со кој напаѓачот пристигнал на железничката станица, а потоа продолжил и на перонот каде чекале патниците.
Полицијата го уапси напаѓачот, кој се обидел да побегне скокајќи од мост, при што се здобил со сериозни повреди.
Тој е идентификуван како лице по „потекло од поранешна Југославија“, кој живеел во градот Вупертал, на возраст од 36 години. Според првичните сознанија, тој нападот го испланирал и го извршил сам, а полициски извори за германските медиуми тврдат дека имал психички проблеми.
Полицијата во првичните изјави не ги соопшти можните мотивите за нападот.
- Бевме на станицата чекајќи воз. Откако вагоните запреа од еден од нив излезе некој мафтајќи со секира кон патниците. Имаше крв насекаде. Никогаш не сум видел вакв нешто, изјавил еден од очевидците на нападот за весникот „Билд“.
Веднаш по нападот властите во Дизелдорф ја евакуираа фрекфентната железничка станица, каде пристигнаа попвеќе противпожарни и медицински екипи, како и припадници на специјалните германски полициски сили.
По извршените проверки рано изутрина дополнителните полициски сили се повлекоа од станицата и железничкиот сообраќај во центарот на Дизелдорф е нормализиран.
Нападот во Дизелдорф се случува речиси една година откако во овој град беа уапсени тројца Сиријци, членови на групата Исламска држава (ИД), на кои им се суди за планирање терористички напад. Во јули минатата година друг симпатизер на ИД во воз што сообраќаше кон градот Вурцбург во покраината Баварија, со секира нападна и повреди 21 патник.
Засега ниту полицијата, ниту медиумите, немаат информации за можна поврзаност на вчерашниот напад со ИД
Ново на Сител
-
Приведен 45-годишен охриѓанец за издржување затворска казна
-
ЕУ го поздрави Планот на Арапската лига за Газа
-
Трамп ја прекина суспензијата на споделување разузнавачки информации со Украина
-
Албанците најбројни во англиските затвори, главно осудени за трговија со дрога
-
Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ИТФ турнир во Унгарија, Ивановски во Хрватска
-
Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста
-
Совети за долготрајност на батеријата кај паметните телефони
-
Британските власти работат на побрзи одобренија за лабораториски произведена храна