Седум доживотни и вкупно 755 години затвор за обвинетите во „Диво Насеље“
Вкупно 755 години затвор добија 33 лица обвинети во случајот „Дуво Насеље“ меѓу кои има седум доживотни казни затвор. Ова го одреди денеска судскиот совет на Скопска единица на обвинетите кои се гонеа за две кривични дела тероризам и организарање во терористичка група.
Седум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди, одреди денеска Кривичниот суд
Четворица од 37-те обвинети се ослободени, а останатите се осудени на вкупна затворска казна од 755 години.
Голем дел од нив ќе бидат протерани од државата зашто се странски државјани.
Пред да бидат изречени пресудите триесетмина обвинети станаа и извикуваа „УЧК, УЧК“,„Овде никогаш нема да биде мирно, пазете се по животот“, ја пееја химната на Албанија и тврдеа дека ова било политички монтиран случај.
Судијката нареди веднаш да бидат изнесени од салата а пресудите беа причитани пред четворица обвинети кои се веќе на слобода, новинарските екипи и дел од роднините на обвинетите.
„Ние не сме терористи, ние сме УЧК“- Донесена пресудата за Диво Насеље
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје