Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледаат Предлог законот за амнестија во прво читање, поднесен од 11.069 избирачи.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледуваат поднесените амандмани за измените на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за платниот промет и на Законот за задолжителни нафтени резерви, трите по скратена постапка и во второ читање.
Закажани се и две седници на Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување на законите за персоналниот данок на доход, за платниот промет и за задолжителни нафтени резерви, сите по скратена постапка и во второ читање, како и Предлог-законот за амнестија поднесен од 11.069 избирачи.
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина