Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за финансирање и буџет и за економски прашања.
Предлог – законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово, е единствена точка по која ќе расправаат на седницата членовите на Комисијата за надворепшна политика.
На агендата на седницата на Комисијата за финансирање и буџет се предлог-законите за изменување на Законот за Царинската тарифа, на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација и на Законот за платниот промет, сите по скратена постапка, во второ читање.
На седницата на Комисијата за економски прашања се Предлог – финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2022 година и Предлог – одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2022 година.
Ново на Сител
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи
-
Ново задолжување од 35 милиони евра
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО