Македонија
14. December 2018 - 9:14

Седници на собраниските комисии за политички систем и за труд

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за труд и социјална политика, како и Законодавно – правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско претстапништво и за состојбите во областа на правото на детето и детското претстапништво во 2017 година, како и измените на Законот за административни службеници, по скратена постапка, во второ читање поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за измените и дополнувањата на законите за задолжително капитално пензиско осигурување, за пензиското и инвалидското осигурување и за Црвениот крст на Република Македонија, сите во прво читање.